Coca – Cola ќе го лансира својот прв алкохолен пијакол

(Oвој напис е објавен на: March 9, 2018)

coca

Coca – Cola планира да произведе алкохолен пијалок за првпат во своето 125 – годишно постоење, а пијалокот е наменет за јапонскиот пазар, пренесува BBC

Одлуката доаѓа поради голема побарувачка во Јапонија за пијалокот наречен Chu-Hi кој претставува газиран пијалок во лименка со различни вкусови кој содржи од 3% до 8% алкохол. Чи-Ху е производ кој се промовира како замена за пиво во Јапонија и е особено популарен помеѓу женската популација.

Еден од директорите во Coca – Cola во Јапонија изјавил дека ќе направат „скромен експеримент наменет за специфичен дел од пазарот во Јапонија.“

„Не сме експериментирале до сега во категоријата на пијалоци со низок процент на алкохол, но со оваа одлука продолжуваме да истражуваме можности кои не се задолжително дел од нашите пазари.“, изјавил претседателот на Coca – Cola во Јапонија, Хорхе Гардуно. Пијалокот најверојатно нема да се продава надвор од јапонскиот пазар.

Јапонските производители на пијалоци веќе го произведуваат пијалокот, па и Coca – Cola сега сака да навлезе на овој пазар.


 

иновативност.мк

Share Button