Бизнисмени помагајте за превоз!- апел на тутунарите пред најавениот протест во Скопје
-Почитувани бизнисмени и дуќанџии. Вие знаете дека тутунарите се и ваши муштерии. Колку побогати тутунари толку подобра заработувачка и за вас и обратно. Оваа спрега е од секогаш, стои во апелот.
Бизнисмени помагајте за превоз- ваков апел упатија тутунарите од Иницијативниот одбор на ФБ групата „Македонски тутунари“ пред најавениот протест пред Владата во Скопје, во понеделник.
Во апелот до бизнис заедницата тутунарите пишуваат дека се соочуваат со огромни тешкотии и неправди при предавањето на тутунот, па не се во можност да организираат превоз со цел нивниот протест пред Владата да биде по масовен.
-Почитувани бизнисмени и дуќанџии. Вие знаете дека тутунарите се и ваши муштерии. Колку побогати тутунари толку подобра заработувачка и за вас и обратно. Оваа спрега е од секогаш. Сега кога тутунарите се доведени до егзистенцијална криза и мораат да протестираат потребна им е вашата помош. Апелираме за финансиска помош како би се олеснило патувањето во Скопје за закажаниот протест на 4 јануари, понеделник. И во ваша интерес е да се издејствува подобра цена. Помагајќи ги тутунарите, си помагате и себе си. Свој придонес можат да дадат и сопствениците на транспортни фирми со бесплатен превоз, пишува во апелот на тутунарите.
Тутунарите минатата недела се договорија првиот работен ден после Нова Година да ги повлечат поверениците од вагите и да го стопираат откупот во цела Македонија ако откупувачите не се придржуваат до ветеното и не ги зголемат откупните цени на тутунот. За во понеделни ос 12 до 16 часот највија протест пред Владата.
-Доколку нема решение на таа средба, како и досега, секоја нереално преценета кутија да се запира за второстепена комисија и комисијата да излегува и тоа го решава. Како што вика Законот, доколку на едно место на еден проценител му се направи запирање за второстепена комисија од три пати и се процени на тутунопроизводителот 50% погорна класа, на тој проценител треба да му се одземе лиценцата и тој проценител во наредните 5 години нема право да полага и да биди проценител. Ние како Сојуз ги искористуваме сите законски можности, секој ден сме во постојана комуникација со Иницијативниот одбор и максимално ги поддржуваме, истакна Менде Стомнароски, претседател на Сојуз на земјоделски здруженија.
Тутунарите побараа од премиерот Заев јавно да излези и да кажи како планира да ја реши целата ситуација.
-Да запре овој грабеж кој се случува во моментов, бидејќи се цени класа подолу луѓето се изреволтирани и изманипулирани. Мака мачат како да дојдат до откупните пунктови, динамиката е со лош интензитет и откако ќе излезат со пресметките не знаат што да прават со тие бедни класи во 3 и 4 класа. Примерот јавно да излези на медиум, на телевизија и да кажи како мисли да го реши проблемот со тутунарите, овој проблем ќе трае и понатаму. Затоа додека не излези работава од контрола јавно да излези да кажи како ќе ја спаси оваа годинашна тутунарска мака. Ако сега не се реши ситуацијата ќе влезиме во уште поголеми проблеми. Тогаш тутунарите ќе се молат само да го предадат тутунот, а не да прашуваат за класа. Затоа сега ни е последна шанса да се реши проблемот. Решението е во институците. Не е кај нас, туку кај држава, таа има начин и механизам како да се реши проблемот. Нормално ако се има волја за сето тоа, вели Игор Мирчески, Иницијативен одбор на тутунари.
А.Б