fbpx
ВестиМакедонија

Бизнисот бара итно усвојување на петтиот пакет антикризни мерки

Министерот за финансии вели дека буџетот е во добра кондиција.

„Да беше Стопанската комора задолжена да ги донесе вакцините, до сега донесени ќе беа“, со ваков коментар Бранко Азески, првиот човек на Стопанската комора ја отслика економската состојба во државата, која сега виси на конец поради немањето вакцини. Со пандемијата подобро поминавме од колку што очекувавме, смета бизнисот и бара итно усвојување на петтиот сет мерки.

Двајцата функционери ги ислушаа стопанствениците. Дадоа уверување дека извршната власт направила сè, и сега државната помош е во рацете на пратениците, каде треба да бидат усвоени законите.

„Ние кога го креиравме законското решение за финансиска исплата на плати, поучени од претходните искуства, негативни за жал, направивме за финансиската поддршка за февруари, компаниите да можат да аплицираат целиот период од март и да не мора тоа да биде до 10 во месецот“. – Фатмир Битиќи, вицепремиер.

Министерот за финансии вели дека буџетот е во добра кондиција. Ќе издадеме еврообврзница, но сè уште не се објавува кога.

„Буџетот е во рамките на проекциите. Сите обврски се покриваат согласно планираното. Во февруари приходите се очекуваат да бидат подобри од тоа што биле минатата година. Има еден добар тренд на реализација на приходите, што значи економската активност полека се враќа“. – Фатмир Бесими, министер за финансии.

На ваквото тврдење, следуваше и контра прашање. Ако се стабилни финансиите, зошто на банките им се брани да делат дивиденда, праша Азески. Министерот за финансии молчеше, а вицепремиерот рече дека тоа е одлука на монетарната власт и не е во ред да ја коментира.

Годинава ќе се задолжиме милијарда и 250 милиони евра, а ќе вратиме стари долгови од 700 милиони евра. Со остатокот ќе ја покриеме буџетската дупка од 565 милиони евра.https://www.24.mk/details/biznisot-bara-itno-usvojuvanje-na-pettiot-paket-antikrizni-merki-rokovite-za-apliciranje-kje-bidat-prodolzheni

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close