Благодетите на есента (фотогалерија)

(Oвој напис е објавен на: October 10, 2019)

 

Месец октомври можеби е еден од најактивните месеци во земјоделството, а и најбогатиот со плодови. ова е период  на берба на грозјето. Можеби на лозје е највесело.  Во минатото за домаќинска куќа се сметала онаа што има бочва со вино. Гроздоберот воопшто не е лесна операција, но  дополнителна убавина е тоа што се собира семејството од најмало до најголемо за побрзо да се собере грозјето.

 

 

 

Тоа е одлична можност најмладите во семејството да научат нешто повеќе за грозјето и неговите бенефити, како тоа се бери и складира и што се може да се прави од него. Малата Ања е одличен пример како треба да се биде дел од гроздобер.

 

 

Нејзината детска радозналост е добредојдена на лозјето од нејзиниот дедо во с.Буково битолско. На задоволство на воззрасните веднаш се снајде со ножиците за режење. Одлично искуство што ќе може да го раскажува и споделува со нејзините другарчиња.