Во рамки на проектот „Попреченоста е прашање на перцепција“ ќе се одржи бесплатна работилница за градинарство

(Oвој напис е објавен на: March 8, 2019)

Во рамки на проектот „Попреченоста е прашање на перцепција“ кој го спроведува Институтот за медиуми и различности од Лондон, во партнерство со Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидските организации на Македонија, со финансиска поддршка од Европската Унија, Ресторан Амбрела ќе биде домаќин на шест бесплатни работилници од отворен тип.

Лица со различен вид на попреченост и нивните родители, како и сите останати родители со дечиња, ќе можат да присуствуваат на бесплатна обука за градинарство, што ја спроведува НВО За среќно детсво, во соработка со Ресторан Амбрела, во рамки на проектот Попреченоста е прашање на перцепција.

-Идејата на овие бесплатни работилници е да направиме заедничка дружба на родителите и децата, да ги намалиме предрасудите и да покажеме дека лицата со попреченост МОЖАТ и заедно со сите останати да ги остварат своите права, вели Марјан Петров, социјален работник и сопственик на Амбрела.

-Целта на овие обуки е да се разбуди кај нас свеста, и колку ние колективно и индивидуално може да делуваме за да на некој начин јавноста ги согледа проблемите, потребите кои што ги имааат лицата со попреченост во општеството, но и да се види низ практична работа и обука колку овие деца имаат исти потреби и барања како што имаат и останатите лица во ова општество, додава Петров.

-Со овие обуки, сакаме да ја зголемиме видливоста на лицата со попреченост во локалната заедница односно, сами да ги утврдиме нивните можности за да бидат видливи. Започнуваме оваа сабота од 11.00 до 13.00 часот со работилница по градинарство. Дојдете заедно со вашите дечиња, испијте го своето кафе и разубавете ја нашата летна тараса, порачува Петров.


 

denar

Share Button