fbpx
ВестиМакедонија

Бочварски: За доизградба и модернизација на Коридорот 8 се планираат над 700 милиони евра

Куманово-Страцин- За доизградба и рехабилитација на целиот Коридор 8 се планирани над 700 милиони евра, што само по себе говори дека Владата е силно посветена на модернизација на европските коридори, на отворање на нови перспективи за нашите граѓани и компании, изјави денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

За доизградба и рехабилитација на целиот Коридор 8 се планирани над 700 милиони евра, што само по себе говори дека Владата е силно посветена на модернизација на европските коридори, на отворање на нови перспективи за нашите граѓани и компании, изјави денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Бочварски, кој заедно со со директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми, изврши увид во рехабилитација на втората фаза од државниот пат Куманово-Страцин, дел од патниот правец на Коридор 8, рече дека само на источниот крак од овој Коридор се инвестираат околу 100 милиони евра.

„Рехабилитацијата на патниот правец од Куманово до Страцин се реализира во две фази. Инвестицијата е во вкупна вредност од 13 милиони евра, а предвидена е рехабилитација на делницата долга 32 километри. Тоа што е значајно е дека значително ќе ја подобриме безбедноста во сообраќајот на овој државен пат.

Првата фаза се одвива непрекинато и очекуваме оваа година да биде завршена рехабилитацијата. Во однос на првата фаза од Куманово до с. Војник, веќе имаме избрано фирма изведувач, во фаза е изборот за надзор и очекуваме во март да започне рехабилитација и на оваа делница“, изјави Бочварски.

Директорот на ЈП за државни патишта информираше дека од буџетот на претпријатието се инвестираат 7,2 милиони евра за рехабилитација на втората фаза од овој патен правец.

„Има напредок во градежните активности кои се извршуваат на реха билитацијата на државниот пат А2 делница Куманово-Страцин, втора фаза. Станува збор за делница долга 16,64 км со променлива ширина од 7 до 10 метри. Овој проект е финансиран од Буџетот на ЈПДП и неговата вредност е во висина од 7,2 милиони евра. Конечно во блиска иднина ќе заврши маката и голготата за жителите од овој регион и овој пат којшто е стар 30-тина години ќе биде квалитетно рехабилитиран и реконструиран за да биде долговечен бидејќи овде има фреквенција на тежок соообраќај”, рече Рустеми.

Тој и Бочварски за 2021 година најавија голема инфраструктурна програма за унапредвање на целокупната инфраструктура во државата.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close