Богојавление – одбележан во сите храмови  во општина Новаци

Традиционално со фрлање на светиот крст во осветените води во сите православни храмови во општина Новаци се одбележа големиот христијански празник Богојавление-Водици .
Главната церемонија се одржа во црквата СВ Атанасиј Велики во с.Новаци каде на светата богослужба присуствуваа голем број на верници.

Од деветнаесетмината пријавени за фаќање на светиот крст оваа година најсреќен беше Ице Марковски од Новаци кој за прв пат го извади светиот крст .


Градоначалникот Љубе Кузманоски на среќниот наоѓач на светиот крст му додели парична награда .

Општината обезбеди парични награди за сите среќни наоѓачи на светиот крст во сите 14-ет населени места каде се негува традицијата на одбележување на Водици.


Градоначалникот присуствуваше на светиот чин на фрлање на крстот во с. Добромири и во с.Рибарци .

Градоначалникот Кузманоски на сите оние кои беа најсреќни и го фатија светиот крст му посака здравје , среќа и бериќет а на своите верници од општината им го честита Богојавление -Водици , соопштуваат од општина Новаци.

З.Б.

Share Button