Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Бојкотот го намали прометот на маркетите за скоро 47%
Податоците покажуваат дека осумте најголеми синџири супермаркети во земјава доживеале пад
Вчера, со бојкотот во супермаркетите во знак на револт поради поскапувањето, податоците покажуваат дека осумте најголеми синџири супермаркети во земјава доживеале пад на вкупниот промет од скоро 47%, во споредба со минатиот петок. Податоците ги објави Управата за јавни приходи. Од овој податок се гледа и дека ден пред бојкотот немало голема гужва на маркетите, во однос на минатата недела.
„На 31 јануари до полноќ во ГПРС системот на УЈП е евидентиран вкупен промет од 114.293.363 денари. Во четвртокот на 30 јануари до полноќ во ГПРС на УЈП системот е забележан вкупен промет од 212.782.151 денари, додека во петокот на 24 јануари до полноќ вкупен промет од 213.985.705 денари“- изјавија од Управа за јавни приходи.