fbpx
Вести

Македонски комбинат започнува со набавка на оризова лушпа како алтернативно гориво

Комбинатот за гредежни материјали Усје започна со откупот на оризовата лушпа од македонските земјоделци како алтернативно био-гориво, откако ги набави специјалните возила за транспорт, објавија од таму.

Цементарница Усје наскоро во своето производство како гориво ќе користи и лушпи од ориз и остатоци од текстил. Опремата за добивање на гориво од овие алтернативни горива веќе се инсталира во компанијата, а во првата фаза, планирано е само 15% од вкупното гориво што го користи да биде заменето со алтернативно гориво.

Лушпи од ориз и остатоци од текстил, Усје ќе набавува од Македонија. Усје веќе поседува дозвола за користење на отпад како гориво, согласно регулативата и согласно Интегрираната А дозвола.

Титан групацијата во која влегува и Усје има големо искуство во користењето на отпадот како алтернативно гориво. Усје со тоа ќе заштеди и на трошоци за набавка на гориво.


 

faktor

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close