fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Љупчо Николовски: Сточарството ќе биде главен фокус за наредната година

Годинава завршува и со рекорден број на апликации за користење на пари за рурален развој и има дури 2.000 мали оператори со храна.

Годинава завршува со рекорден број на апликации за користење на пари за рурален развој, со голем интерес за бизнис планови и има дури 2.000 мали оператори со храна.

Директната поддршка на земјоделците годинава е 127 милиони евра, а почна да се практикува и новиот начин на субвенционирање, каде како најважна новина е авансната уплата на пари за да може земјоделците да ја почнат новата сезона. Авансот од 30 проценти ќе легне на сметките на земјоделците до денес. Годинава завршува и со рекорден број на апликации за користење на пари за рурален развој и има дури 2.000 мали оператори со храна. Наредната година пак, фокусот на Министерството за земјоделство ќе биде сточарството, најави министерот за земјоделство и шумарство Љупчо Николовски.

– Имаме рекордна побарувачка за мерката „приплоден добиток“. Ова е важно ако се земе во предвид дека и фокусот на државата за наредната година е сточарството. Побарувањето само за еден повик кон крајот на годината е една милијарда денари само за набавка на приплоден добиток – информира министерот.

Николовски рече дека во 2024 година тројно ќе се зголеми поддршката за крави, така што субвенцијата од 4.000 денари ќе „скокне“ на 12.000 денари за крави над 12 месеци. Исто така, ќе се субвенционира и косењето и одржувањето на ливадите.

 

 

Министерот потсети дека моментално тече повикот за комбајни за жито, поддршка на младите, на жените и на малите производите.

– Ако нешто треба да го издвоиме годинава, тоа е малото производство на храна. Ние сме мала земја и малите производители за прв пат добија поддршка да создаваат финални производи. Тие се гледаат насекаде, во сите региони и нашата цел за две години да дојдеме до бројка од 2.000 регистрирани мали опреатори со храна, ние ја релаизиравме за една година – вели Николовски.

Тој рече дека е креирана нова програма за пддршка на малите производители на храна и дека преку програми се обезбедени грантови до 10.000 евра за набавка на опрема за производство и за ангажирање на стручно лице.

– Доделивме 133 договори со вкупна вредност од над 1,2 милиони евра, преку кои даваме грант поддршка за малите производители на храна од неживотинско потекло, во набавка на опрема. Опрема за производство на маџун, разни слатки и мармалад, ладно цедено масло од сончоглед, производство на јаболков оцет, путер од бадем, ајвар, сокови од калинка, рибизла, потоа набавка на соларни сушари и машини за пакување и млин за производство на брашно, се само дел од инвестициите преку поддршката – посочи Николовски.

Тој рече дека граѓаните веќе ги согледуваат можностите за инвестиции во рурален развој и многу што веќе имале некое мало произвдство во рурална средина ја искористиле својата местоположба, аплицирале за поддршка, добиле големи пари и го автоматизирале и зголемиле своето производство.

– Кога зборуваме за рурален развој не мислиме на само на земјоделието, туку и на ветеринарни установи, градинки, амбуланти, домови за стари лица … – појасни министерот.

Она што особено го нагласи министерот е дека по долги години дискусии за откупни центри, нивната реализација се наѕира.

– Го започнавме процесот за изградба на правата логистичко-дистрибутивна платформа во околина на Скопје. Станува збор за можност да се процесира околу 46.000 тони овошје и зеленчук. Како дел од проектот се предвидува и изградба на два откупни центри, во Струмица и во Ресен кои ќе бидат поврзани со логистичко-дистрибутивната платформа – рече министерот.

 ЕУ субвенционира со 52 милијарди евра годишно

Во однос на директната поддршка на земјоделците од 127 милиони евра, министерот вели дека таа треба и да биде поголема. Во Министерството направиле симулација колку таа би требала да биде соодветно на европското субвенционирање. ЕУ го субвенционира земјоделството со
52 милијарди евра, па поделено со 500 милиони жители, значи субвенција од 104 евра по жител на годишно ниво. Доколку ние би двала субвенција од 104 евра по жител, би требале земјоделците да ги сувбвенционираме со 180 милиони евра.

Весна Дамчевска за Слободен печат https://www.slobodenpecat.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close