fbpx
Вести

Брана Баргала ќе ги регулира водотеците во Карбинско

Годинава ќе стартува изградбата на браната Баргала на реката Козјак во Општина Карбинци. Инвестицијата чини десет милиони евра и е дел од проектот „Програма за изградба на акумулации и санации на постојаните системи за наводнување“.

Вчера заменик министерот за земјоделие Ванчо Костадиновски заедно со претставници од ЈП „Водостопанство“ Брегалница направија увид на стариот проект за изградба на брана.

Со изградба на браната ќе се регулираат водите кои се влеваат во Козјачка река, која често пати ги поплавува земјоделските површини.

brana bargala kje gi regulira vodotecite vo karbinsko

 

– Овде сме со цел да видиме кои активности треба да ги преземеме пред објавување на тендерската постапка за корегирање на веќе постоечкиот проект за бараната кој бил изработен далечната 1994 година, од страна на мојот советник Благој Стоилов кој е овде.

Значи да видиме на кој начин со ситни корекции од страна на потенцијалните ревиденти на постоечкиот проект да изработиме проектната документација, која што ќе значи основ за објава на тендерот за некаде при крајот на 2016 година, со што дефинитивно ќе започне изградбата на браната Баргала, рече Костадиновски.

Тој забележа дека со изградбата на браната „Баргала“ на реката Козјак месното население и нивните земјоделски површини ќе бидат заштитени од поплави, бидејќи на овој начин ќе се регулираат сите води и притоки кои влегуваат во реката Козјак, која доаѓа од планината Плачковица.

– Втората цел која што е важна е зголемување на вредноста на земјиштето, бидејќи со изгардбата на оваа брана ќе се наводнуваат 1.000 хектари земјоделска површина во овој регион.

Има приватно лица од Општините Штип и Карбинци кои што имаат свое земјоделско земјиште во овој регион и нормално државното земјоделско земјиште кое што е дадено под закуп во Општина Карбинци, со тоа што ова земјиште во изминатите години не беше покриено под систем за наводнување, сега ќе може да се наводнува, а со тоа се дава и дополнителна вредност на земјоделското земјиште, вели Костадиновски.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close