fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Обраќање на Васка Мојсовска на Националната конвенција на ЕУ во МК

Обраќање на Васка Мојсовска на Националната конвенција на ЕУ во МК

Македонскиот земјоделец последнава деценија има производни цени кои што растат , а откупни цени кои што се намалуваат. Маките на земјоделците за да бидат уште поголеми од друга страна и негативните влијанија на климатските промени прават големи штети во сите земјоделски сектори и сето тоа придонесува разочарување кај самите производители на храна бидејќи поради климатските промени количината на производство на родот во нивите е преполовена од таа која што била пред 10 години. Сите сме согласни дека од домашна произведена храна нема подобра и ние земјоделците со голема љубов и внимание иако е макотрпно и физички напорно не ни е тешко да ја произведеме, но за тоа треба да имаме заработка за да имаме мотив уште повеќе да произведуваме.

Сите знаеме дека земјоделието е важна стопанска гранка во Македонија, бидејќи од една страна обезбедува 12% од Бруто домашниот производ од друга страна 180 000 семејства егзистираат од земјоделството и 45% од македонското население живее во рурални средини, кои зафаќаат 87% од вкупната површина на земјата,но дали ние сите граѓани на оваа држава без разлика која улога ја имаме во општеството како поединци сме се запрашале што правиме ние за да ја подобриме ситуацијата во земјоделието,дали како откупувачи мислиме само на себе или и на земјоделците, дали како потрошувачи гледаме да купиме домашни земјоделски производи ,дали ние како земјоделци размислуваме за здружување и така да имаме поголема преговарачка моќ за продажба на нашите земјоделски производи и дали креаторите на стратегиите на земјоделието потемелно и долгорочно ги прават тие стратегии. Ова се само неколку прашања кои не засегаат сите нас ,а не само земјоделците,бидејќи не сакаме во иднина повторно да слушнеме како земјоделците велат ако не се субвенциите ние ќе ги оставиме нивите необработени. Ако престанат земјоделците да произведуваат храна сите во општеството ќе ги трпиме последиците од штетите.

Она што најмногу го погодува македонскиот земјоделец се ниските откупни цени и овој тренд е забележителен во последните десет години што ги доведува примарните земјоделски производители во ранлива положба во поглед на стопанските и деловните активности, како и нивниот животен стандард.

Најголем проблем за земјоделците е пласманот и Ниските откупни цени,непостоење на договорно производство, неорганизираност кај самите земјоделци односно не единство и здружување на земјоделците, нелојална конкуренција која го има монополот на пазарот за откуп, непостоење на пост бербените технологии и продолжување на рокот за траење на земјоделските производи, недостаток на количини на одреден производ, мало учество на преработувачките капацитети во откуп, не спроведување на анализи на пазарите, мал принос по единица површина.

За жал алчноста ,себичноста и немањето општествена одговорност и личните интереси на некои од големите откупни компании, винарници, млинарници , млекарници и др. ќе придонесат македонското земјоделие да се уништи бидејќи манипулативниот однос преку ниските откупни цени и понижувачкиот став кон земјоделците едноставно го уништија земјоделецот и тоа е една од основните причини за големата миграција од селата и осиромашувањето на руралното население. Од година на година се помалку имаме производство на земјоделски производи Ваквите дејствувања на богатите големи преработувачки и откупни компании се и закана не само за селата туку и за работничката класа во градовите, увозот на земјоделски производи се зголемува, а со тоа ќе расте цената на храната која најмногу ќе ја погоди работничката класа.

Податоците на Заводот за статистика говорат дека извозот на земјоделските производи кумулативно во изминатите три години се зголемил за 1,63%, додека во истиот временски период увозот се зголемил за 13%. Тоа значи дека увозот расте 8 пати побрзо од извозот на земјоделските производи што претставува загрижувачки факт за целата држава. Затоа и некои од тие преработувачки капацитети бараат увоз на земјоделски суровини за преработка ,а тоа е доказ дека ниските откупни цени кои што тие преработувачки компании ги имаат со години придонесоа да земјоделците немаат мотив за работа и да се намали домашното производство на земјоделски производи.
Ние како НФФ имаме и Препораки кои ги даваа самите земјоделци на еден од форумите организирани од НФФ со поддршка од Шведскиот кооперативен центар WE EFECT а тоа се следниве

1.Почитување на Законот за земјоделство и почитување на законскиот модел за договорно производство и гаранции од државата во спроведување на истиот во кое што откупувачите до крајот на месец март ќе ги пријаваат количините кои сакаат да се откупат и ќе се потпишуваат договори за откуп НА ПОЧЕТОКОТ НА ПРОИЗВОДНАТА ГОДИНА со јасно дефинирани откупни цени, кои треба да се повисоки од производните цени и да имаат партнерски однос со производителите на храна односно континуирано следење на производството во текот на целиот производен период преку ДЕЛЕЊЕ НА СОВЕТОДАВНИ УСЛУГИ и давање на репроматеријали на земјоделците за да тие имаат квалитетно производство кои што преработувачот ќе го преработи во квалитетен финален производ,било да е тоа вино,сирење,брашно или друго. Кога ќе се исполнат овие услови од договореното производство откупувачите повеќе нема да се оправдуваат со тоа дека земјоделските производи немале квалитет и затоа толку биле ниски откупните цени,бидејќи во договорот ќе стои кој квалитет и квантитет ќе се произведе и по која цена ќе се откупи.

2.Усогласување на различните начини на законско дефинирање на исплатата во различните под -сектори во единствен модел за наплата и облигациони односи кој ќе важи за сите земјоделски под -сектори подеднакво

3.Зајакнување на дијалогот со бизнис заедницата, преку едукација, обука и подобрена ефикасност на постојните под -секторски групи во МЗШВ како механизам за уредување на земјоделските пазари

4..Економско здружување на земјоделци во задруги и друг тип на производни организации (групи на производители) како начин за зголемена преговарачка моќ и организација на производство и продажбата

Преземено од фб профилот на Васка Мојсовска

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close