Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
БРАВО!!! ТК Прилеп ја покачи цената на тутунот на 400 ден за килограм
Доплата од 25 денари на тие што дале тутун по 375 денари за килограм.
ТК Прилеп ја покачи цената на тутунот на 400 ден за килограм, информираат земјоделци, производители на тутун од Прилепско.
Најпрво цената ја покачи компанијата „Пашоски“ а сега и Прилепскиот тутунски комбинат. Според тутунари ќе има доплата од 25 денари на тие што дале тутун по 375 денари за килограм.
Вчера директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Васе Анакиев, заедно со инспекторите од ДИЗ, беа во контрола на откупните пунктови за тутун во прилепскиот регион.
За време на остварената контрола беше констатирано дека откупот тече во нормални услови и интензитет. Тутунот од прва класа се откупува по цена од 375 денари, додека кај едена компанија откупувач е постигната цена од 400 денари по килограм.
Директорот Анакиев посети неколку пунктови од вкупно пријавени 287 на територијата на државата. Во текот на извршените контроли е утврдено дека се пријавени 305 ваги.
Воедно, од Државниот Инспекторат на Земјоделство е констатирано дека од почетокот на откупот, до сега се откупени вкупно 6.360.485,24кг 1 класа тутун, 13.485,59кг втора класа и 556,81кг трета класа тутун. Вкупната бројка е 6.374.550,44кг, додека просечната откупна цена изнесува 376,00 денари. Од овие количини исплатени се вкупно 57% од откупените количини кон тутунарите.
Инспекторите на ДИЗ остануваат и понатаму на терен каде будно ќе го следат и контролираат откупот.