Брегалница во долниот тек изобилува со бактерии од фекално потекло
Според добиените резултати, оваа река во делот на штипскиот регион е на ниво на канализациска мрежа, бидејќи водата е богата со бактерии од фекално потекло.
Реката Брегалница во долниот тек е загадена, а нејзината вода е од класа четири, покажаа мерењата на лабораторијата „Амбикон” и на Здружението „Медиа плус”. Според добиените резултати, оваа река во делот на штипскиот регион е на ниво на канализациска мрежа, бидејќи водата е богата со бактерии од фекално потекло.
Весна Коловска од Здружението „Медиа плус” за МИА вели дека во соработка со универзитетскиот професор Ѓорѓи Димов од лабораторијата „Амбикон” при Универзитетот „Гоце Делчев”, во текот на минатата година имаат правено мерења во три наврати.
– Примероците за анализите се земени од едно мерно место во близина на населбата Балканска, на почетокот на терасните седименти, во кои се изведени бунарите за водоснабдување на градот Штип, во три различни периоди од годината кога се менува водостојот, вели Коловска.
Универзитетскиот професор Димов забележува дека мерењата покажуваат оти постои голем комунален притисок на реката Брегалница и тоа од нетретираните води од канализациска мрежа и индустриските води.https://nezavisen.mk/