fbpx
ВестиМеханизацијаТоп вести

Брендот “FRIULI SPRAYERS”  поблизу до македонските земјоделци

Познатата италијанска компанија за производство на најразлични атомизери и прскалки позната под  брендот  “FRIULI SPRAYERS”, деновиве со свои презентации  се претставува  пред македонските земјоделци.

Зад овој бренд стои фирмата Agricolmeccanica srl,  основана во 1960 година од страна на господин Џузепе Тосоратти и 45 години ја водат  браќата Џино и Рензо.

Компанијата Agricolmeccanica srl  е специјализирана за проектирање и производство на атомизери, прскалки и небилизатори.  Денес може да се пофали со широк спектар на модели.  Брендот е познат во светот повеќе од 50 години.

– Ова  се должи на нашата постојана способност да градиме распрскувачи со долготрајна технологија, развиена во компанијата од страна на нашиот технички и производствен оддел,велат од компанијата.

П.Ј.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close