fbpx
ВестиМакедонија

Следните денови времето ќе биде постудено, од среда пообилни врнежи од дожд

Од понеделник ќе преовладува променливо облачно време со услови за повремен локален дожд.

Времето во земјава утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -1, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.

Во Скопје ќе биде претежно сончево со слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 11 степени.

Од понеделник ќе преовладува променливо облачно време со услови за повремен локален дожд. Пообилни врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег се очекуваат во среда.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close