fbpx
Вести

Британското кралско семејство ќе проба македонски ајвар

Македонскиот бренд „Мама’с” почна да се продава во „Fortnum&Mason”, најлуксузната продавница во светот која постои од 1707 година, а позната е и по тоа што во неа се снабдува со намирници британското кралско семејство.

britanskoto kralsko semejstvo kje proba makedonski ajvar

 

Прекрасно е чувството твојот производ да се најде на полиците на една престижна продавница како што е „Fortnum&Mason”. Ние сме првиот македонски бренд што успеал да се најде на нивната листа. Тоа е потврда дека нашите производи имаат квалитет кој може да ги задоволи и вкусовите на најпребирливите, „пош” Англичани изјави бренд менаџерот на „Мама’с, Калин Бабушку.

„Fortnum&Mason” е луксузна приватна продавница која постои од почетокот на осумнаесеттиот век, позната по големиот избор на гурмански производи, меѓу кои и чај и производи за благородниците. Се наоѓа на улицата Пикадили во Лондон, со неколку подружници во Лондон, Дубаи и Америка.

Покрај во Велика Британија, „Мама’с” е присутен и на пазарот во Русија, скандинавските земји, Америка, Австралија, Костарика, Дубаи, Макао и Хонгконг, Јапонија, Катар, Германија, Франција, Белгија, Канада, Словачка, Унгарија, Холандија, Швајцарија, како и во балканските држави.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close