Бројот на нови невработени лица во 2020-та зголемен за 128 % во однос на претходната година
Анализата на невладината ЗМАИ покажа дека вкупниот број на нови невработени лица во 2020 година во однос на 2019 година се зголемил за 128%.
Штип, Тетово, Скопје, Прилеп и Куманово се петте општини со највисок пораст на невработеност, а пандемијата лани во земајва без работа остави 6.783 текстилни работници.
Анализата на невладината ЗМАИ покажа дека вкупниот број на нови невработени лица во 2020 година во однос на 2019 година се зголемил за 128%.
Процентот на невработеност кај младите е значително повисок во однос на останатите години. Дури 15% од младите учествуваат во невработеноста. Истражувачите на ЗМАИ посочуваат дека најчест основ за прекинување на работниот однос во текстилната индустрија, во последните пет години е истекот на определено време. Кристина Ампева од Гласен Текстилец вели дека постојано апелираат работниците да не се потпишуваат на празни листови.Доколку работникот се потпише на сподгодбен отказ, ништо не им следува. Текстилството вработува над 30.000 илјади луѓе во државата, а во вкупниот извоз учествува со 10 проценти. Во моментов бизнис секторот бара да престанат политичките препукувања и да се донесат законите за петтиот пакет на мерки. Доколку наскоро ги нема владините субвенции се очекува нов бран на отпуштања во трудоинтезивните гранки. https://telma.com.mk/2021/02/28/%D0%B1%D1%80%D0%BE%D1%98%D0%BE%D1%82-%D0%BD%D0%B0-%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B8-