fbpx
ВестиВино

Пет медали за „Тиквеш“ на „Мундус вини“ во Германија

Вината на винарската визба „Тиквеш“ освоија три златни и две сребрени медали на еден од најпрестижните светски натпревари за вино. Златни медали освоија „Домен Лепово Шардоне 2015“, „Домен Лепово Гранд Куве 2013“ и „Каберне Франк Спешл Селекшн 2015“, додека „Темјаника Спешл Селекшн 2015“ и „Александрија Куве розе 2015“ добија сребрени медали на големиот меѓународен вински натпревар „Мундус Вини“ (The Grand International Wine Award – MUNDUS VINI), кој по 18-ти пат се одржува во Германија.

pet medali za tikvesh na mundus vini vo germanija

 

Годинава, меѓународното жири составено од 160 судии-дегустатори од 36 земји имаше навистина тешка задача да ги избере најдобрите вина. Имено, конкуренцијата ја сочинуваа над 5.000 квалитетни вина кои потекнуваат од 149 вински региони ширум светот.

„Големиот број и значајни медали освоени во ваква конкуренција нe` прави исклучително задоволни затоа што покажува дека квалитетот на нашите вина е на светско ниво. Ваквите достигнувања секако ќе придонесат за креирањето на посакуваната репутација за врвните вина на „Тиквеш“ на најзначајните светски вински пазари, како и за целата македонска винска индустрија, што секако е една од нашите стратешки цели“, изјави генералниот директор на ВВ „Тиквеш“, Игор Илиевски.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close