fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Бруто надворешниот долг на крајот на 2021 изнесуваше 9,5 милијарди евра

За еден квартал се намалил 323 милиони евра

На крајот на четвртиот квартал од 2021 година бруто надворешниот долг изнесуваше 9.547 милиони евра (или 81,4 отсто од проценетиот БДП) и бележи квартално намалување од 323 милиони евра (или за 3,3 отсто), соопшти Народната банка.

Бруто надворешните побарувања изнесуваат 5.909 милиони евра (или 50,4 отстоод проценетиот БДП) и остварија квартално намалување од 622 милиона евра (или за 9,5 отсто).

Нето надворешниот долг изнесува 3.638 милиони евра (или 31 отсто од проценетиот БДП) и е зголемен за 299 милиони евра, или за 9 отсто. Од аспект на структурата, и понатаму поголемо учество во вкупниот нето-долг има приватниот нето-долг со 59 отсто.

Во текот на четвртиот квартал од 2021 година, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) е зголемена за 176 милиони евра и изнесува 7.308 милиони евра, што претставува 62,3 отсто од проценетиот БДП за 2021 година.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close