fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Тешка сообраќајка кај Битола, загина 50 годишен охриѓанец

Од 20.45 часот на магистралниот пат А3 Битола-Ресен, поради случена сообраќајна незгода, сообраќајот е во целосен прекин и се пренасочува по стар пат.

Вечерва од 20.45 часот на магистралниот пат А3 Битола-Ресен, поради случена сообраќајна незгода, сообраќајот е во целосен прекин и се пренасочува по стар пат, извести АМСМ.

Во 19,32 во СВР Битола било пријавено дека на магистралниот пат Битола-Ресен, во близина над с.Братиндол, битолско се случило сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило марка „вмв” со ресенски регистарски ознаки управувано од Б.Н.(24) од с.Езерани,ресенско и сопатник К.Ш.(25)од с.Царев двор,ресенско и патничко возило „рено клио”со охридски регистарски ознаки управувано од Г.С.(50) од Охрид и сопатничка Н.С.(55) од Охрид . Од страна на Доктор во Клиничката болница во Битола,кај лицето Г.С констатирана е смрт како последица од повредите а, додека кај сопатниците констатирани се повреди. Увидот го врши увидната екипа на СВР Битола, соопшти портпаролот на СВР Битола Сања Стаматова.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close