вести

Бугарија и Грција – добра прилика за извоз на македонските млекарници

Бугарија и Грција први треба да се “нападнат“ со извоз, сметаат производителите на млеко и преработки од Македонија. Директорот на битолската млекарница БиМилк Златко Најдовски смета  дека прво мора да се посветиме на најблиските пазари.

bugarija i grcija dobra prilika za izvoz na makedonskite mlekarnici

 

“Прво, имаме еден голем пазар јужно од нас. Грција е голем пазар за Македонија, со прилично високи цени бидејќи нема млеко под едно евро за литар, а тоа е огромен потенцијал за нас. Додека Грција го врати тој производ ќе треба време, а ние може да влеземе таму. Србија е тежок пазар, суровината е евтина, има хиперпродукција. Може да се влезе во ЕУ. Но, во најблиските земји, Бугарија и Грција“.

Според него и пазарот во Албанија исто така има потенцијал, со огромен дефицит на млеко, Косово  исто така со огромен дефицит, а трошат млеко речиси колку Македонија.
“Мора да инвестирате во тој пазар, да го едуцирате, да се етаблирате како добар играч“, вели Најдовски.

cfgjgf-9720

Од  млекарницата Здравје Радово сериозно се посветени на влез на огромниот руски пазар. Извршниот директор Панделе Панделески најави дека по добивањето на лиценцата за извоз нивниот фокус во моментов е пазарот на Руската Федерација.

„Наши тимови во неколку наврати направија посети на рускиот пазар со цел да ги проучат спецификите на истиот. Во првиот квартал од годинава очекуваме да тргне првиот извоз за Русија“,  најавува Панделески.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close