fbpx
Вести

Цената на кафето го достигна минимумот од пред 12 години

Цената на кафето ја достигна најниска вредност од пред 12 години, пишува „ФТ“. Главните причини за ова се хиперпродукцијата, е сложената економска ситуација во Бразил, која веќе многу години е најголем производител на кафе и депрецијацијата на националната валута во земјата.

Бразилскиот реал загуби 22 отсто од својата вредност уште од почетокот на 2018-та година, според „Блумберг“.

Проблеми со ниските цени на кафето се среќаваат и кај други големи производители, како Колумбија и Гватемала, информираат од „ФТ“.

Во Колумбија, поради ниските цени, се повеќе и повеќе земјоделци се свртуваат кон растење на кока, чии листови се користат за производство на кокаин.

Во Гватемала, се повеќе и повеќе земјоделци се откажуваат од кафеот и се иселуваат во соседните земји за да бараат подобро платена работа.

Цената на кафето достигна цена помала од 1 долар за килограм (0,453 кг), што е многу пониско од производствената цена на големите производители. Во Колумбија, просечната цена на кафе е околу 1,20 долари, а во Ел Салвадор – 1,50 долари за килограм.


 

denar.mk

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close