fbpx
ВестиСовети

Чендлер – економски најисплатлива сорта на ореви

Сортата на орев, позната под името „Чендлер“, повеќе години е една од најпопуларните, најпобаруваните и најисплатливите сорти на светот. Покрај тоа што е отпорен на бактериоза, карактеристичен за него е и големиот принос на надворешните гранки. Токму поради тоа, Чендлер е економски најисплатливата сорта за одгледување.

Чендлер, моментално во светот е една од дефицитарните сорти на орев, иако во многу земји се одгледува повеќе од 30 години. Потекнува од Калифорнија, каде експертите цели 3 децении работеле на калемење на оваа сорта и усовршување на нејзините особини. Првите оригинални садници Чендлер, биле со џуџест облик и мал род, но затоа квалитетот на нивните плодови бил ненадминлив.

Подоцна, сортата ја купил Државниот овоштарски институт во Истанбул, а потоа започнал нејзините особини да ги прилагодува на турскиот пазар. Садниците се тестирани во разни земји ширум Европа, а нивниот развој го следеле најдобрите светски стручњаци за оваа гранка од овоштарството.

Денес, со правилно режење, оревот од сортата Чендлер, расте максимално до 4 метри, раѓа веќе во првата година, а целосна родност има во осмата година од садењето и изнесува дури 80 килограми исчистени плодови по растение. Освен по врвниот принос, оваа сорта е позната и по тоа што може успешно да се одгледува и без хемиски препарати и со мал ангажман на работна сила. Поради сите тие причини, моментално е една од најпопуларните и најбараните сорти во светот.

Освен тоа, во многу земји, како Италија и Турција, се користи и кората од Чендлер оревот. Поради тоа што, машински се одделува од плодот, таа се пакува и транспортира до фабриките кои од неа прават различни бои и фарби. Лушпата (школката) на Чендлер оревот е многу мека, така што можете да ја скршите и со раце. Поради својата фина текстура, ниту таа не е за фрлање. Неа ја мелат специјализирани фабрички машини и ја претвораат во прав од кој се прават пресовани кундаци за скапи ловечки пушки и карабини.

Кога станува збор за плодот на Чендлер оревот, карактеристичен е исклучително високиот квалитет. Јадрото на оваа сорта е во бела боја и се користи во фармацијата, козметиката, како и за производство на здрава храна. Поради лесната кршливост на лушпата, тоа кај оваа сорта, скоро секогаш останува во парче, што е исклучително важно за купувачите. Токму затоа, килограм исчистени плодови, во светот чинат многу повеќе во споредба со некои други сорти, дури и до 25 долари.

На крајот, од исклучителна важност е и стеблото на Чендлер оревите. Доколку од одредени причини одлучите, дека повеќе не можете или не сакате да го одгледувате ова овошје за добивање на плодови, не грижете се, секогаш постои добро платена побарувачка за неговото стебло кое е многу ценето.

Иако, се вбројува во доцни сорти, бербата на Чендлер оревот може да започне веќе во месец септември, кога плодовите сеуште се недозреани. Кај таквите млади ореви, се отстранува „кожичката“ од јадрото и како таква се користи во фармацевтската индустрија. Инаку, првата добра берба на оваа сорта е во четвртата година. Секако, од исклучително значење е времето на садење, а од тој момент, во консултација со стручњаци, потребно е да се користи целосна и правилна агротехника.

Се препорачува Чендлер да се одгледува на надморска височина која не надминува 800 метри. Опасноста од мразеви кај овие ореви не постои, затоа што тие многу доцна цутат, што претставува уште една нивна предност. На еден хектар, просечно се одгледуваат по 300 стебла, а зависно од парцелите, садниците се садат на растојание од 8 метри помеѓу редовите и 4 метри помеѓу стеблата или на 7 метри помеѓу редови, а 5 помеѓу стеблата.

Чендлер во Србија

Сите овие карактеристики на оревот од сортата Чендлер, го прават еден од најисплатливите и најперспективните култури во Србија и тоа не само за оние кои сакаат да подигнат насад, туку и за многу генерации на нивните поколенија.

Во Србија, квалитетни сертифицирани ореви Чендлер од Турција, со стручна поддршка од агроном кој би го следел нивниот раст и развој, се продаваат во фирмата „Мисбел“ од Белград. Сите информации, совети или препораки во врска со нивното одгледување можат да се најдат и на веб страницата www.orahsadnice.com.

 

 

Валентина Соколовска

за Зелена берза

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close