fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиСовети

Чајот од борови иглички: помага во борбата против ракот и срцевите заболувања

Овој чај, кој се користи со децении како традиционален пијалок во народната медицина ширум светот, не само што носи со себе малку шумска свежина во вашата чаша, туку и изобилство на придобивки за вашето здравје.

Извор на екстремно лековити пијалоци – чај од иглички од бор.

Лековити состојки

Бидејќи е направен од младите изданоци на иглички бор, кои се богати со витамин Ц, антиоксиданти и есенцијални масла, неговите лековити својства се повеќекратни.

Витаминот Ц е клучен за зајакнување на имунолошкиот систем, а иглите на бор содржат една од највисоките концентрации на овој витамин кај растенијата. Редовното консумирање на овој чај може да помогне во спречување и лекување на настинки и грип.

Антиоксиданти во игли на бор, како што се флавоноиди и феноли, можат да помогнат во борбата против слободните радикали во организмот, што го намалува ризикот од хронични заболувања како што се срцеви заболувања и некои видови на карцином.

Етеричните масла во боровите иглички, како што се лимонен и пинен, имаат антимикробни својства и можат да помогнат во намалувањето на воспалението. Исто така, овие масла придонесуваат за смирувачкиот ефект на чајот, кој може да помогне при стрес и анксиозност.

Состојки:

– борови иглички

Подготовка:
1. Боровите иглички измијте ги и исечете ги нивните краеви, па исечкајте ги со ножици или во блендер

2. Ставете ги во тегла или друг стаклен сад.

3. Истурете топла вода.

4. Во изладениот чај ставете малку мед и сок од лимон.

Чајот од борови иглички може да има позитивно влијание и на респираторниот систем. Вдишувањето на пареата од овој чај може да помогне во ублажување на симптомите како затнат нос и кашлица, а може да помогне и во чистење на дишните патишта.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close