Иако лекарите тврдат дека престанувањето на пушењето е единствен начин да се заштити здравјето, едно ново истражување покажува дека виното може да ги намали штетите што ги предизвикуваат цигарите.
Наспроти бројните предупредувања, многу луѓе се уште не можат да кажат „не” на цигарите.
Иако лекарите тврдат дека престанувањето на пушењето е единствен начин да се заштити здравјето, едно ново истражување покажува дека виното може да ги намали штетите што ги предизвикуваат цигарите.
Црното вино содржи ниво на фенол кое поттикнува создавање на кислороден оксид, кој ги подмладува коронарните артерии. Според студијата, што ја објави „Американ Џурнал од Медисин“, пиењето една или две чаши црно вино пред да се запали цигара, може да ги заштити крвните садови и од најголемите штети.
Меѓутоа, истражувачите од германскиот Универзитет „Саарланд“ предупредуваат дека резултатите од истражувањето не треба да се сфатат буквално, бидејќи во фокусот биле повремени пушачи, а не зависници од цигарите.
Сепак, резултатите покажале дека црното вино делува како штит за артериите.
Истражувачите испитувале различни биохемиски процеси во крвта и во крвните садови на 20 непушачи кои се согласиле да испушат три цигари. Половината испитаници пиеле црно вино еден час пред пушењето, се додека нивото на алкохолот во крвта не им било 0,75 промили.
Примероците од крвта и урината биле земени пред тестирањето и 18 часа по конзумирањето на цигарите. Резултатите покажале дека испитаниците кои конзумирале вино пред цигарите, немаат промени во клетките во крвните садови.
Бидејќи истражувањето било ограничено на млади непушачи, не е јасно дали резултатите се однесуваат на постарите, болните или хроничните пушачи.
Валентина Соколовска
за Зелена берза