fbpx
Вести

Кирацовски во посета на Кавадарци, Неготино и Росоман: Растотот во земјоделството ја потврдува успешноста на мерките

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски придружуван од организациониот секретар Миле Зечевиќ, во текот на вчерашниот ден се сретна со граѓаните на Кавадарци, Неготино и Росоман.

На средбите беше разговарано на повеќе теми кои се од најголем интерес на граѓаните , со посебен акцент на мерките коишто Владата предводена од СДСМ ги реализира во земјоделството.

-Земјоделските краишта од нашата убава Македонија знаат што носат промените. Сега, земјоделците имаат редовна исплата на субвенциите, исплатени се дури и оние што минaтата власт не ги исплати, поддршката за младите земјоделци е зголемена за повеќе од двојно, од 1.5 на четири милиони евра, со повратот на персоналниот данок 7 милиони евра остануваат кај земјоделците а воведувањето на зелената нафта значително ги намалува трошоците во работата, рече Кирацовски.

Тој истакна дека успешноста се потврдува и во податокот дека само во првиот квартал од 2018 забележан е раст од 5,1% во земјоделството, во споредба со минатата година.

Промените носат повеќе пари кај граѓаните што значително влијае на подобрување на животниот стандард на граѓаните. Продолжуваме заедно, Македонија ја градиме како држава за сите, заклучи Кирацовски.


 

a1on

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close