fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Честит 8 Март – Денот на жената

Борбата на жените за рамноправност со мажите

Идејата за одбележување на посебен ден посветен на жените потекнува од почетокот на 20-от век, а на неа посебно инсистираше социјалистичкото движење.

Рамноправноста се уште само декларативна.

Негирање на женските права, дискриминација и насилство се дел од работите со кои денес сеуште се соочуваат жените. Тие денеска го слават 8 Март како ден на борба за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите, но во пракса бројките се поразителни и го покажуваат спротивното. Денес се уште е мал бројот на жени на раководни функции, а тие не се и правично застапени во структурите за донесување на одлуки. Дополнително, се уште постои јаз во платите меѓу мажите и жените, односно за иста работа жените се помалку платени од мажите.

Жените се уште ретко се одлучуваат и да почнат бизнис и најчесто тоа го прават од потреба. Така, бројот на жени претприемачи е помал и најчесто ги има во услужните дејности. Застапени се во микро и малите претпријатија кои имаат мал обрт и профит. Причината за тоа е неможноста да се направи баланс меѓу професионалниот и приватниот живот и социјалната структура на државата односно немањето доволно услови за социјална грижа за децата и старите лица. Од друга страна и менталитетот кај нас е се уште таков што мажите, за жал, само припомагаат во домашните обврски, а не се грижат заедно со жените за семејството.

Од друга страна, статистичките податоци покажуваат дека жените се повеќе факултетски образовани од мажите. Така, се повеќе жени се запишуваат на факултет и на втор и трет циклус студии. Главно ги има на општествените, хуманистичките и медицинските науки за разлика од мажите кои повеќе преферираат да се запишуваат на техничко-технолошките науки. Слична е ситуацијата и во средното образование односно женските деца повеќе сакаат да се запишуваат во гимназија, а машките во стручните училишта.

И покрај тоа што бројките за односот на мажите и жените во општеството не бележи некои драстични промени, сепак денеска жените се во центарот на вниманието. Во нивна чест најавени се повеќе настани.

Денеска речиси секоја жена ќе добие цвеќе или подарок од своите најблиски.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close