fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Честит ден на шумската полиција!

Честитка до сите овластени службени лица - шумски полицајци по повод Денот на Шумската полиција.

Министерот Хоџа и раководителката на Секторот за Шумска полиција, Аница Симонова упатуваат честитка до сите овластени службени лица – шумски полицајци по повод Денот на Шумската полиција.
На овој ден, го потенцираме значењето на работата на шумските полицајци и максималните напори кои ги вложуваат во борбата за сузбивање на бесправната сеча на дрва и зачувување на шумите и шумскиот биодиверзитет. Се борат против организирани криминални групи на дрвокрадци кои ги пустошат шумите, а штетите кои тие ги прават не се мерат преку изречените казни, затоа што секое исечено дрво, влијае на многу генерации после нас. Убедени сме дека тие ќе продолжат да ги чуваат нашите шуми, со што прават едно поголемо добро за сите нас и за сите идни генерации. А ние како Влада и надлежно Министертсво ќе продолжиме да го јакнеме овој сектор кој е од исклучително значење за контролите на дивата сеча и за зачувување на природните ресурси.
По 12 години Шумската полиција оваа година доби нови униформи и чизми. Го потпишавме Колективниот договор со кој се уредуваат статусот, правата, обврските и одговорностите на вработените во Шумската полиција и за првпат го регулиравме правото за добивање додаток на плата од 30 %. Убедени сме дека сето ова дополнително ќе ги мотивира шумските полицајци кои континуирано се на висина на задачата. Се гордееме и благодарни сме и на нивниот придонес во гаснењето на шумските пожари кои избувнаа ова лето.
Со сета наша почит, ви го честитаме Денот на шумската полиција!, честитаат од МЗШВ.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close