МЗШВ јасно да каже кои се критериумите за добивање на субвенции со новата програма бара Националната земјоделска мрежа
Поради сите овие аномалии упатуваме јавен повик до надлежните да се укине ова одлука и да се врши исплата по програмата за 2025 год со зголемување на буџетот за директни плаќања на 100 милиони евра за 2026 година плус 40 милиона евра за заостанати долгови од 2020 до 2025 и нивна неодложна и брза исплата кон земјоделците. Субвенциите за тутун да си останат линеарно по 100 денари по кг предаден тутун.
Националната земјоделска мрежа јавно ги прашува надлежните од МЗШВ да ја објаснат новата методологија за добивање на субвенции.
1. На кој начин ќе добијат субвенции овоштарите и лозарите во период од садење до плодоносење на овошките кога реално ќе може да се исполни определениот минимум од 30 % на предадено производство?
2. Во случај на елементарна непогода град суша мраз или болест како земјоделците ќе го исполнат условот за добивање субвенции и реално ќе бидат двојно обештетени?
3. Во услови на недефинирани минимално откупни цени кои се далеку под производните цени земјоделците се доведуваат во позиција на уцена за сопствениот производ?
4.Како ќе се исполни условот кога кај одредени земјоделски култури немаме воопшто организиран откуп?
Во ова прилика Националната земјоделска мрежа јавно укажува дека на средбата во Кавадарци во организација на МЗШВ каде се дефинираше програмата за директни плаќања не бевме поканети.
Истовремено добивме покана од страна на МЗШВ за втората средба во Скопје на која се презентираше програмата за директни плаќања која во тој момент беше усвоена со одлука на Влада и беше објавена во Службен весник на РМ. Од наша страна беше одбиена поканата од причини што нашето присуство и присуството на сите други учесници беше само декор без никакво влијание околу програмата. Истовремено истиот ден во Прилеп НЗМ заедно со повеќе земјоделски здруженија и голем број на земјоделски производители одржа јавна трибина од која произлегоа јасни заклучоци. Програмата за директни плаќања не се прифаќа. Пред се поради уценувачките условување за стекнување право на субвенции. Скромниот буџет несразмерно спрема проектираниот национален буџет, неправилната распределба на средствата во одредени сектори.
Поради сите овие аномалии упатуваме јавен повик до надлежните да се укине ова одлука и да се врши исплата по програмата за 2025 год со зголемување на буџетот за директни плаќања на 100 милиони евра за 2026 година плус 40 милиона евра за заостанати долгови од 2020 до 2025 и нивна неодложна и брза исплата кон земјоделците. Субвенциите за тутун да си останат линеарно по 100 денари по кг предаден тутун.
Националната земјоделска мрежа – претседател Ѓорги Каракашев




