fbpx
Вести

Четири региони денеска во портокалова фаза – почитувајте ги препораките

Скопскиот, Осоговско – Малешевскиот, Јужновардарскиот и Пелагонскиот регион денеска се зафатени со температури од портокаловата фаза поради што се препорачува бремените жени и хронично болните лица над 60 години да се ослободат од работни обврски.

chetiri regioni deneska vo portokalova faza pochituvajte gi preporakite

 

Од Министерството за здравство препорачуваат работодавачите да го реорганизираат работното време и да се избегнуваат активности од 11 до 17 часот. Во овие региони се препорачува да не се одржуваат спортски активности на отворено во овој период, а особено во детските градинки да не ги изнесуваат децата на отворено.

Останатите два региони односно Полошкиот и во Охридско-Преспанскиот регион ќе бидат зафатени со температури од жолта фаза.

Почитувајте ги препораките!

На граѓаните од целата држава им се препорачува да ги почитуваат општите препораки за заштита од високите температури како што се заштита од директна сончева изложеност, избегнување престој на отворено од 11 до 17 часот, носење светла и лесна облека, консумирање лесна храна и течности, хигиенски начин на подготовка на храната и редовно земање на терапијата кај хронично болните лица.

Министерството за здравство напоменува дека е потребен и повисок степен на внимание при подготовката и консумирањето на храната поради повисоките температури кои се најавуваат за следните денови.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close