ВестиМакедонија
Чизми наместо лаковани чевли-тоа е рувото на работниците во рудниците на РЕК Битола
РЕК Битола бил и ќе биде стожер на македонскиот електроенергетски систем !
Чизми наместо лаковани чевли, работничка јакна наместо палто, работничко одело наместо кошула. Тоа е рувото на работниците во рудниците на РЕК Битола откако постои комбинатот. И не се соблекува дење – ноќе последниве неколку недели, колку што трае битката за нормализирање на состојбите по последните поплави во Суводол.
Рамо до рамо со работниците, на терен секојдневно се и генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, директорот за производство во АД ЕСМ, Благојче Трповски, директорот за производство на струја од термоелектрани во АД ЕСМ, Љубчо Кижевски, директорот на РЕК Битола, Златко Ќурчиевски. Со сопствени сили, умеење и знаеење на стручните лица во комбинатот и особено во Рудникот Суводол, АД ЕСМ и РЕК Битола ги санираат состојбите.
РЕК Битола бил и ќе биде стожер на македонскиот електроенергетски систем !
РЕК Битола бил и ќе биде стожер на македонскиот електроенергетски систем !