вестиВиноМакедонијаТоп вести

Заев: Државата ќе интервенира со субвенции за помош и на лозарите и на винариите, визбите да го почитуваат договорот за откупните цени

Премиерот Заев посочи дека оваа година е тешка и за лозарството како земјоделска гранка, поради здравствената криза предизвика од вирусот КОВИД-19  и затоа Владата ќе помогне со цел да се ублажат последиците и врз производството на грозје и врз винската индустрија. 

 

Претседателот на Владата на Република Северна Mакедонија, Зоран Заев заедно со заменик-претседателот за економски прашања, Фатмир Битиќи, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа и поранешниот министер Трајан Димковски, одржаа состанок со здруженијата на лозари од Тиквешкиот регион. На состанокот беше презентирана моменталната состојба со производството на грозје и почетокот на откупот на винските сорти грозје. Премиерот Заев посочи дека оваа година е тешка и за лозарството како земјоделска гранка, поради здравствената криза предизвика од вирусот КОВИД-19  и затоа Владата ќе помогне со цел да се ублажат последиците и врз производството на грозје и врз винската индустрија.

На состанокот, премиерот Заев, ги презентираше владините предлог-мерки за помош на лозарите и винариите, во делот на откупните цени и планираната поддршка, кои беа позитивно прифатени од лозарите.

„Она коешто како заклучок го извлековме е дека со 4 денари државата ќе интервенира за вранецот и смедеревката, а со 2 денари ќе интервенираме за високосортното грозје. Дополнително остануваме на супституција на транспортот со 20 отсто на транспортните трошоци за наливното вино, и 30 проценти супституција за флашираното вино и ја отворивме новата можност кон сите откупувачи коишто работат во нашата земја да можат да откупат винско грозје и да го извезат како винско за да ги намалиме количините со една стимулативна мерка. Тоа е ако откупат 12 милиони килограми сите заедно, тоа ќе го видиме на царинските декларации, ќе добијат 2 денари субвенција на тие 12 милиони килограми, ако се откупени и извезени надвор од државата помеѓу 12 и 25 милиони килограми ќе добијат 3 денари, ако откупат и извезат повеќе од 25 милиони килограми ќе добијат 4 денари субвенција. Целта е да стимулираме сето тоа што ко има како залихи брзо да се продаде надвор, а при тоа да има жед да се откупи она што е домашно производство“, наведе премиерот Заев.

При тоа, премиерот Заев посочи дека сите заеднички треба да придонесат во надминувањето на проблемите и  упати апел до винариите да го почитуваат договореното, односно смедеревката да се откупува по 9 денари за килограм а вранецот по 11 денари за килограм, а државата ќе го исполни ветеното за 4 денари субвенција.

Премиерот Заев посочи дека ќе се разговара и со винарската визба „Тиквеш“ и  дека низ дијалог ќе се најде взаемно прифатливо решение, потенцирајќи дека заеднички сите треба да го понесат товарот за да се преброди оваа криза предизвикана од вирусот КОВИД-19, информира владината прес служба.

 

Слични написи

Back to top button
Close