fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Членството во ЕУ значи нов голем пазар за пласирање на нашите земјоделски производи

Членството во ЕУ значи нов голем пазар за пласирање на нашите земјоделски производи, стандардизирани по европски правила, нови фондови за инвестиции и нови можности за уште поголем развој на земјоделскиот сектор. Како држава чекориме сигурно на европскиот пат, отворајќи го процесот на преговорите за полноправно членство, истакна во своето обраќање министерот Љупчо Николовски

Предизвиците за земјоделскиот сектор во евроинтеграцискиот процес, беа во фокусот на денешната седница на Агросоветот. Претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за храна и ветеринарство пред членовите на Агросоветот детално ги презентираа клучните барања за усогласување на законските регулативи во фитосанитарната политика, рибарството и аквакултурата, како и барањата за исполнување на европските стандарди во областа на храна и ветеринарството, безбедноста на храната и благосостојбата на животните.

-Членството во ЕУ значи нов голем пазар за пласирање на нашите земјоделски производи, стандардизирани по европски правила, нови фондови за инвестиции и нови можности за уште поголем развој на земјоделскиот сектор. Како држава чекориме сигурно на европскиот пат, отворајќи го процесот на преговорите за полноправно членство, истакна во своето обраќање министерот Љупчо Николовски.

Како што наведува МЗШВ, кластерот 5  се однесува на земјоделството и е еден од најобемните, поради што е неопходно сите чинители заедно, Министерството, научната фела, земјоделците, невладиниот сектор, социо-економските партнери и стучната јавност, посветено да го дадат својот придонес и искуство во процесот на преговори.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close