Coca-Cola HBC го проширува своето присуство на Балканот

Компанијата за флаширани безалкохолни пијалоци „Coca-Cola HBC“ денеска објави дека ја купува српската компанија за кондиторски производи „Bambi“ за сума од 260 милиони евра од приватниот инвеститор „Mid Europa Partners“. Со овој чекор компанијата го проширува своето портфолио на пијалаци и своето присуство во Западен Балкан, објави „Ројтерс“.

Со седиште во Швајцарија, компанијата која флашира и продава пијалоци на „Coca-Cola Company“ во 28 земји, вклучувајќи ја и Македонија, вели дека приходите на „Bambi“ за 2018-та година изнесуваат околу 80 милиони евра.

„Bambi“ која произведува голем број на производи, вклучувајќи бисквити, вафли и солени производи, е основана во 1967-ма година, а брендовите на компанијата се „Bambi“, „Plazma“, „Wellness“, „Zlatni Pek“ и „Josh“. Нејзиниот водечки бренд за бисквити „Plazma“ е на прво место попропознатливост на брендот во Србија.

Се очекува дека договорот ќе биде завршен во вториот квартал од 2019-та година, предмет на вообичаените завршни услови и регулаторните одобренија.

„Зделката дополнително ја зајакнува нашата важност за клиентите и ни овозможува да го зголемиме присуството кај клучните прилики за исхрана, на пример во почетокот на денот, на патот или дома за брз појадок и освежување“, коментира извршниот директор на „Coca-Cola HBC“, Зоран Богдановиќ.

Акциите на „Coca-Cola HBC“ поевтинија во минатата недела, откако компанијата предупреди за повисоки трошоци за финансирање на постоечките нејзините кредити и слабата потрошувачка на неколку пазари во оваа година.


 

denar.mk

Share Button