fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Државата забрзано ги полни резервите со пченица

Цените на пченицата постојано растат на светските берзи

Државата во последниве два три месеци забрзано ги полни стоковите резерви со пченица. Тоа го покажуваат две веб страници, една е онаа за е-набавки, а другата е платформата Отворени финансии, која говори кои и колку исплати се направени од државни органи, и кон кои компании.

Всушност, набавките на пченица ги врши Агенцијата за стокови резерви, и тоа склучувајќи договори по јавни повици со компании кои се занимаваат со производство и трговија на овој производ.

Од овие сајтови може да се заклучи дека во текот на првите седум месеци од годинава државата не се „потресувала“ воопшто околу застрашувачките најави кои ги предизвика војната во Украина во врска со недостигот од храна во светот, а со тоа и во регионот и во земјава, но затоа почнала сериозно да ја сфаќа работата веќе во август, кога се и склучени значајни договори за набавка на пченица за Агенцијата за стокови резерви, на милионски износи. Токму во овој период, главно во август и во последниве два месеци, биле направени и најголемите исплати кон неколку компании од земјава кои работат со овој стратешки важен производ.

Прашањето за тоа како ќе се прехраниме зимава датира уште од крајот на февруари кога почна војната во Украина, но и кога беше блокирана украинска пченица кај Одеса, за која потоа се најде решение. Сепак, тогаш од државната Агенција за стокови резерви изјавуваа дека дежавните резерви се полни и можат да ги задоволат потребите на населението за одреден период, иако точно не кажаа со колкави количини располагаат. Во тој период не биле вршени речиси никакви набавки на овие основни производи, но тие засилуваат во последниов период, почнувајќи од август наваму.

Исто така, цените на пченицата постојано растат на светските берзи, што доведе до енормно поскапување на лебот и на белите печива на македонскиот пазар.

А, веројатно и овие набавки и исплати се засилени и поради фактот што во последниов месец, а особено во последниве неколку дена, светот како никогаш досега е под сериозна нуклеарна закана, што исплаши и многу помоќни држави од нашата.

Па така, според сајтот е-набавки, Агенцијата за стокови резерви токму вчера склучила договор со компанијата Млин Аргулица од селото Карбинци, за набавка на 5.000 тони меркантилна пченица-рефус, со вкупна сума од близу 129 милиони денари, или 2,1 милиони евра.

Претходно со оваа фирма Агенцијата за стокови резерви има склучено договор на почетокот на август, на сума од близу два милиони евра, кога се набавувал јачмен за сточна храна од пет милиони килограми.https://faktor.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close