fbpx
ВестиВкусот на традицијатаСоветиТоп вести

Црн корен за дијабетичари

 

Црниот корен е диво, двегодишно растение, кое се одгледува заради задебелениот корен, со темна боја, исклучително богато со витамини и минерали. По потекло е од Шпанија, денес се одгледува во Белгија, Германија и Холандија. Денес е скоро заборавено, но во средниот век, тоа е многу ценето заради неговиот медицински ефект. Користено е како природен анестетик, лек за смирување на желудникот, за лекување на настинки, епилепсија и ублажување на ефектите од каснување од змија (на што и го должи своето второ име – змиски корен).
Црниот корен, лат. Scorzonera hispanica ,штета е што не е почест на трпезата, бидејќи е супериорен извор на разни хранливи материи. Има вкус сличен на многу попопуларниот и скап аспарагус и лесно се одгледува. Црниот корен е еден од најдобрите извори на инсулин што го прави погоден за дијабетичари. Станува збор за пребиотички влакна, што дава бројни здравствени придобивки, од кои повеќето се поврзани со влијанието врз растот на корисни бактерии во човечкото тело.
Се намалува штетната активност на оксидативниот стрес и се зголемува отпорноста кон слободни радикали. Се сее во пролет, до длабочина од 3-4 см. Ако се одгледуваат мали количини за своја употреба, каде коренот ќе се вади рачно, оптималното растојание за садење е 25 см. Меѓутоа, ако се планира вадење со механизација, тогаш растојанието треба да е малку поголемо, 35-45 см. Користејќи добро квалитетно семе, со добро ртење, ќе требаат 12-14 кг семе на 1 ха. Треба да се внимава со семенскиот  материјал, бидејќи семето е чувствително и ја задржува можноста за ртење само една година.
Сите делови на ова растение се користат во кулинарските уметности. Младите се користат свежи и подготвени како аспарагусот, цветовите се користат при подготовка на салати, се јадат и никулците од  семето, но сепак, самиот корен е најмногу приготвуван. Може да се вари, похова или да се испече, како и другиот зеленчук богат со скроб. Пред подготовката, коренот мора да се излупи и да се стави во вода со неколку капки оцет или лимон, за да не потемни.

 

Валентина Соколовска

за Зелена берза

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close