fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Финишира жетвата на јачмен почнува на пченица

Поради долгиот сушен период, но и отсуството на врнежи во мај, потфрлија приносите на сточното зрно.

Финишира жетвата на јачменот, а стартува на пченицата. Поради долгиот сушен период, но и отсуството на врнежи во мај, потфрлија приносите на сточното зрно. Покрај врз квантитетот сушата се одрази и на квалитетот на овогодишната реколта.

Не сме задоволни зашто сушата си го кажа своето. Во месец мај имавме само 8 литри дожд, додека лани имавме 80 литри.

Oпшто секаде е слабо, не само овде. Штом нема дожд во мај и април, ќе биде слабо.

Нема системи за наводнување, таму каде што има е друго. Ќе види дека е суша и ќе наводни, а вака семе фрлиме, семе најдеме.

Просечната цена по која се откупува јачменот е 7,5 денари, а поради намалениот сточен фонд, нема ниту поголема побарувачка. Слична е состојбата и со пченицата. Цената се уште не е дефинирана, а млинарите мудро молчат. Засега не откупуват и чекаат да видат каков ќе биде квалитетот. Ланската откупна цена за пченицата не надмина 10,5 денари, што според производителите, е под прагот на рентабилност.

Се што е под 12 денари за еден килограм, се е загуба. Значи со 12 денари сме позитивна нула-изјави земјоделец од Карбинско.

Земјоделците жнеаното ќе го складираат во амбарите и магацините. Лебно жито Македонија не произведува доволно за да ги задоволи сопствените потреби и во главно се увезува од соседна Србија. Во услови на криза и затворени граници, се надеваат дека домашниот производ, сепак ќе добие на цена, а тие ќе успеат да преживеат до следната реколта.

Извор: Сител

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close