На плантажите во Црна Гора се бараат работници, а дневницата е 35 евра.
Доаѓаат работници од Србија, БиХ, а дел и од Црна Гора.
Освен дневница, обезбедена е храна и сместување за работниците.
Во август ќе бидат потребни 700 работници, а сега околу 40 работници берат праски.
Од компанијата „Плантажи“ велат дека до добар работник тешко се доаѓа.