Науката потврди: Црното чоколадо е најдобар избор за доручек
Според истражувањата кои ги спроведе Универзитетот во Сиракузи, црното чоколадо ги подобрува когнитивните функции на мозокот, односно ја подобрува меморијата и концентрацијата.
Во однос на тоа дека на сите ни е важно нашиот мозок што подобро да функционира во текот на денот, научниците заклучиле дека чоколадото е најдобро да се јаде за доручек.
Покрај тоа, науката наведе уште неколку ситуации во кои црната чоколада е повеќе од добредојдена, на пример пред полагање на испит, но и пред спиење.
Токму така, истото чоколадо кое наутро ќе ви овозможи подобро работење на мозокот, ќе биде и ваш најдобар сојузник пред спиење.
Секако, чоколадото е наш најдобар пријател и кога сме лошо расположени, го поттикнува создавањето на ендофрин, хормон кој не прави посреќни.
Покрај тоа, црното чоколадо го намалува и ризикот од срцев удар и дури помага при симнувањето на вишокот на килограми, бидејќи го забрзува метаболизмот.
Познато е дека црната чоколада во нормални количини е добра за здравјето.
Сепак, понекогаш ни е тешко да се воздржиме, па неретко претеруваме со количината на чоколадо.
И за крај, при купување на чоколада бирајте ги оние со помалку шеќер и поголем процент на какао.
Валентина Соколовска
за Зелена берза