Истражувачите напоменуваат дека умереното конзумирање на црното вино помага во контрола на телесната маса…
Наодите на американските научници од Универзитетот Орегон покажуваат дека умереното конзумирање црно вино може да го забрза согорувањето масти во организмот.
„Journal of Nutritional Biochemistry“ пишува дека причина за тоа е состојката на црното вино врз функциите на црниот дроб. Истражувачите напоменуваат дека умереното конзумирање на црното вино помага во контрола на телесната маса.
Нивните резултати се добиени со лабораториско набљудување на четири екстракти на црното грозје црз клетките на црниот дроб кај човекот и масните клетки.
Се покажало дека овие екстракти можат да го забрзаат растот на постоечкото масно ткиво и да отежнат формирање ново.
Заедно со тоа, дошло и до подобрување на метаболизмот на масните клетки во клетките на црниот дроб.
Валентина Соколовска
за Зелена берза