fbpx
Вести

Петдневно Агро Метео

Денес е четврток, 24 август 2017 година, 236-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:45, а ќе зајде во 19:24 часот. Денот ќе трае 13 часа и 39 минути.

И ова утро во Македонија имавме претежно сончево и свежо утро. Иако во текот на денот не очекуваат се повисоки температури, ноќните и утринските температури ни укажуваат дека се доближуваме до крајот на август и почетокот на климатолошката есен која што започнува од 1 септември.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес по свежото утро со утрински температури од 6 до 15 степени, во текот на денот е претежно сончево и потопло време со дополнителен пораст на дневните температури во однос на вчерашните и ќе се движат во интервал од 23 до 33 степени. Во текот на денот ќе дува и доумерен слаб североисточен и северозападен ветер. УВ индексот ќе има вредност 7.

СКОПЈЕ – Во Скопје денес по свежото утро во текот на денот ќе биде сончево и потопло. Слаб северен ветер. Утринската температура од 12 степени, додека пак максималната дневна до 30 степени. УВ индекс 7.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во петок и сабота благ пораст на утринските температури кои ќе се движат од 6 до 16 степени, температури кои ќе бидат под повеќегодишниот просек за овој период од годината, додека пак во текот на денот ќе биде сончево и топло време со максимални температури кои што ќе се движат од 25 до 35 односно од 27 до 37 степени. Сончевото и топло време ќе продолжи и во следните денови, односно во недела и понеделник со дополнителен пораст како на утринските, така и на дневните температури. Утринските температури од 7 до 17, односно од 9 до 19 степени, додека пак дневните температури ќе се движат во интервал од 28 до 38 степени, односно од 29 до 39 степени. Во недела и понеделник ув индексот ќе има вредност 9.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close