Проблемот со извозот на вино во Хрватска се следи поради што се одржани средби и со Министерството за надворешни работи, како и со Секретаријатот за европски прашања. – Засега нема посериозни пречки за извоз на вино во Хрватска, потенцира министерот Цветков
Само една винарија од Македонија засега има проблем со извоз на хрватскиот пазар, соопшти денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков.
Како што информира, визбите – извозници на состанок минатата недела му предочиле дека генерално, немаат проблем со пласманот иако Хрватска почна со примена на Правилникот според кој, анализите за безбедност на виното пред пуштањето во промет траат повеќе од 30 дена.
На мое барање, имам писмо од министерот за земјоделство на Хрватска кој уверува дека во Правилникот кој се однесува на регионот, вклучувајќи ги Македонија, Србија, Косово, нема ништо посебно направено кон нас. Од тие причини се уште не се размислуваме за воведување какви било реципрочни мерки, напомена Цветков, одговорајќи на новинарски прашања по промоцијата на теренските возила за Шумската полиција.
Проблемот со извозот на вино во Хрватска се следи поради што се одржани средби и со Министерството за надворешни работи, како и со Секретаријатот за европски прашања. – Засега нема посериозни пречки за извоз на вино во Хрватска, потенцира министерот Цветков.