вестиСовети

ЃУБРЕЊЕ НА ЛОЗАТА

lozje

Како и сите растенија, така и виновата лоза има потреба од ѓубрење. Лозата е растение, кое на иста површина останува повеќе години, од каде секоја година извлекува голема количина на хранливи материи за својот развој. Затоа е потребно во почвата да се внесува ѓубрива, без кои лозата не може да опстане и да го даде очекуваниот резултат. Со ѓубрењето се зголемува плодноста на почвата и редовно плодоносење на виновата лоза. Како најпотребни елементи за исхрана на лозата се: азотот, фосфорот и калиумот. Испитувањата на почвата, од страна на разни институти во светот, па и во нашата Република, покажале дека просечно секоја година лозата извлекува од почвата околу 80 кг N, 100 кг P и 250 кг К, од еден ха површина под лозов насад, што значи дека секоја година оваа количина на ѓубриња треба да се надокнадува, до колку сакаме добри приноси и квалитетно грозје.

Азот

Азотот го помага развојот на лозата. Ако го има во поголемо количество, обезбедува брз пораст и голема бујност, поради што се намалува родноста и квалитетот на гројзето, лозата тешко зрее и доцна ја завршува вегетацијата. Како таква станува понежна на ниските температури. Најмногу потреба од азот лозата има во почетокот на вегетацијата и во фенофазата интензивен пораст на ластарите, односно во текот на месец април и мај. Потоа потребите од азотни ѓубрива постепено се намалува. Недостатоците од азот пак , најлесно се забележуваат преку бледозелената до лимон жолтата боја на листовите, што произлегува од намалувањето на хлорофилот во листовите, а како последица на тоа се намалува и интензитетот на фотосинтезата, листовите остануваат ситни, а ластарите тенки и кратки.

Обратно, при преголемо присуство на азот во почвата, првенствено во недостиг на фосфор и калиум, ластарите многу бргу се развиваат, оплодувањето лошо се извршува и се јавува ронење на гроздовите, формирањето на родните окца е недоволно, а сето тоа негативно се одразува врз родноста на виновата лоза.

Фосфор

Фосфорот е исто така многу важен елемент во исхраната на лозата. Се наожа во сите делови на растението, а најмногу во младите и најактивните ограни на лозата, како што се врвните делови на ластарот, младите листови, соцветијата, семките и др. Посебно има важна улога во развојот на генеративните органи на лозата. Лозата има најголема потреба од фосфор за време на интензивниот пораст на ластарите, во фаза на цветање и оплодување. Фосфорните соли ја ограничуваат прекумерната бујност, го потпомагаат зреењето на ластарите и грозјето, позитивно влијаат врз оплодувањето, а со тоа се зголемуваат приносите.

Калиум

Калиумот, како и претходните два елемента, игра главна улога во исхраната на лозата за време на вегетацијата, особено во биохемиските процеси како што се фотосинтезата, дишењето и транспирацијата. Во недостиг на калиум се успорува фотосинтезата, а се зголемува интензитетот на дишењето и транспирацијата, поради што лозата се истоштува. Калиумот позитивно се одразува и врз стварањето на беланчевините, јаглените хидрати, како и ферментите и витамините. Тој игра важна улога во развојот на вегетативните и генеративните органи на виновата лоза. Застапен е најмногу за време на активниот развој на папките, врвните делови на ластарите и младите листови, младите жили на коренот и др. Недостигот на калиумот негативно се одразува врз порастот и развојот на виновата лоза. Кореновите жили слабо се разгрануваат, и се намалува бројот на коренови влакненца, а со тоа се намалува и апсорбирањето на хранливи материи од почвата. Ластарите споро зреат и се послабо отпорни на ниските температури.

Кај црните сорти грозје се јавува црвенило по рабовите на листот, а кај белите при крајот на летото и почетокот на есента, листот добива мрко-виолетова боја.

 

ЃУБРЕЊЕ НА ОВОШКИТЕ

 

Ѓубрењето на родните насади варира во зависност од овошниот вид, подлогата, сортата, староста на овошката, приносот и квалитетот кој го очекуваме, плодноста на почвата и др.

Просечните потреби на родните насади од хранливи елементи, изразени во активни материи, азот, фосфор и калиум за поедини овошни видови изнесуваат:

 

Азот                            Фосфор                       Калиум

Јаболко на средно бујна подлога    80-100 кг/ха               40-60 кг/ха                        100-120кг/ха

Круша калемена на дуња                 100-120                       50-60                           120-140

Слива                                                 60-100                         40-60                           80-120

Кајсија                                                80-100                         50-60                           100-120

Праска                                                100-120                       50-60                           120-140

 

За младите насади се даваат нешто помали количини, а за старите поголеми. На 3-4 години потребно е да се изврши анализа на почвата и листовите, за да може поточно да се утврдат потребите од хранливи материи.

 

Време на ѓубрење

Арското ѓубре, фосфорните и калиумовите ѓубриња се внесуваат на есен и длабоко се заоруваат. Овие ѓубриња можат да се внесат еднаш на две до три години, но со зголемена количина. Азотот пак, се дава на повеќе пати. 1/4 на есен, со основното ѓубре, 2/4 на пролет , во март и ¼ во мај-јуни. Овошките кои се осетливи на зимски и пролетни мразеви (праски, кајсии и др) се ѓубрат и кон крајот на август и почетокот на септември. Се внесува 1/3 од годишната доза, се заорува, а по можност и се наводнува. Овој начин на ѓубрење влијае врз зголемувањето на отпорноста од мразеви.

Друг начин на ѓубрење е употреба на фолијарни ѓубриња, за исхрана преку листовите, најчесто комбинирани со редовна заштита на овошките.

 

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close