fbpx
Вести

Цветков: Отштета за сите поплавени земјоделски површини

Сите земјоделски површини без разлика дали се евидентирани во нашиот регистар или не ќе бидат обештени. Ние како Влада и Министерство за земјоделие  за се она што им е направено како штета со оваа катастрофа ќе бидат обештени, изјави денеска  министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков.

cvetkov otshteta za site poplaveni zemjodelski povrshini

 

Министерот Цветков денеска изврши увид во работењето на комисиите формирани за проценка  на штетите од невремето во село Стајковци.

– Имајќи го искуството со поплавите кои беа во 2015 година  ние направивме измени на Законот со кој се овозможува да бидат обештетени сите земјоделски површини. Комисиите за проценка се на терен и работат со полн капацитет. Некаде за дваесет дена оваа работа треба да биде завршена, изјави Цветков.

Потсети дека како комисиите ќе ги обработуваат податоците тие ќе бидат дадени на Влада и истите ќе бидат исплатени од платежна агенција.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close