Цанко Коцев освои најмногу поени за црвено вино куве од сортите „каберне“, „мерло“ и „вранец“
Деведесет и два поена добија “вранец” на Ивица Златковиќ, ,,жилавка” на Блаже Стојанов и ,,ризлинг” на Стојан Илиев. Поен повеќе, беа оценети ,,вранец” на Душан Наумовски и ,,розе од станушина” на Дафинка Дамјанова Уневска. ,,Вранец дарк хорс” на Гоце Попов освои 94 поени.
Здружението на винари од Македонија, ги додели наградите за најдобри млади вина од индивидуални производители и семејни винарии, во рамки на „Тиквешки вински салон”, манифестација организирана од Здружението „Тиквешки семејни винарии”.
Натпреварот се одржува традиционално веќе осум години, а целта е, како што беше кажано, да се види потенцијалот на младите вина од коишто се очекува да бидат уште подобри кога ќе созреат и „отспијат”.
– Во категорија на индивидуални производители, Цанко Коцев освои 92 поени за црвено вино куве од сортите „каберне“, „мерло“ и „вранец“ и 94 поени за розе вино од сортата „станушина”, информираа од Здружението на винари за МИА.
Беа доделени и неколку награди за најдобри вина од категорија на семејни винарии. Деведесет и два поена добија “вранец” на Ивица Златковиќ, ,,жилавка” на Блаже Стојанов и ,,ризлинг” на Стојан Илиев. Поен повеќе, беа оценети ,,вранец” на Душан Наумовски и ,,розе од станушина” на Дафинка Дамјанова Уневска. ,,Вранец дарк хорс” на Гоце Попов освои 94 поени.
Оценувањето го извршија стручни лица енолози од Здружението на винари од Македонија.