fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Цената ќе расте и медот допрва ќе станува луксуз за граѓаните

Пчеларите велат дека има многу фактори кои водат кон неминовно поскапување на медот.

Квалитетен мед моментално чини од 500 до 600 денари за килограм, а според производителите медот и натаму ќе поскапува и допрва ќе станува луксуз за граѓаните.

Пчеларите велат дека има многу фактори кои водат кон неминовно поскапување на медот. Тука се пред сѐ неповолните временски услови, кои резултираат со слаби приноси, но и општото поскапување на другите намирници во државата. Од друга страна, објаснуваат дека граѓаните кои живеат со ниски плати и пензии, не можат да си дозволат често да набавуваат мед.

„Медот и сега е луксуз за граѓаните, затоа што повеќето го купуваат кога имаат некој здравствен проблем, кашлаат и имаат потреба од конзумирање на мед. Сметам дека килограм мед ќе поскапи за уште 200 денари понатаму.  Климатските промени секако се проблем за нас. Летово немаше дождови, а полињата не се како порано, засадени и расцутени за да има пчелите каде да собираат мед. Има години кога нема доволно храна и мораме да ги прехрануваме пчелите, и тоа е трошок“, вели Шефит Шемшедини, претседател на Здружението на пчелари „Матица“ од Струга.https://faktor.mk/cenata-kje-raste-i-medot-doprva-kje-stanuva-luksuz-za-gragjanite

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close