fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Увезуваме храна по поскапа цена која впрочем можеме да ја произведуваме дома

Во охридскиот регион има дури 70 проценти необработена почва.

Цените на продуктите растат, семејната трпеза од ден во ден се поскапа. Производителите на земјоделски култури велат имаме ресурси за производство на храна, но не ги користиме воопшто.

Увезуваме храна по поскапа цена која впрочем можеме да ја произведуваме дома, но ја немаме бидејќи нема кој да ни ги работи нивите.

Во охридскиот регион има дури 70 проценти необработена почва.

Во моменти на инфлација која е во постојан раст клучно е да се свртиме кон свое домашно производство. Граѓаните кои се во можност да почнат сами барем за себе да си произведуваат храна, така ќе ја избегнат високата цена на пазарите, порачува Ванчо Стојаноски од здружението „Охридска черешна“.

Професорската фела пак смета дека и во оваа област миграциите си го прават своето, младите не сакаат работа на нива, нема млада сила која е потребна за во земјоделието. Сите бараат административна работа во метрополата или заминуваат во странство.

На пазарите деновиве зеленчукот и овошјето достигнуваат вртоглави цени. Се очекува уште поголем раст за велигденските празнувања.https://www.24.mk/details/okhridskiot-region-ima-duri-70-neobrabotena-pochva-resursite-ne-se-koristat

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close