ВестиАгро бизнисМакедонијаТоп вести

Цената на дизелот падна за 6,5 денари

Од полноќ дизелот ќе се продава по 85,5 денари за литар

Од полноќ дизелот ќе се продава по 85,5 денари за литар, откако Регулаторна комисија за енергетика донесе одлука за значително намалување на цената. Бензините поскапуваат за 0,5 денари по литар.

Од полноќ стапуваат на сила новите цени на горивата, со кои дизелот ќе поевтини за 6,5 денари по литар, додека бензините ќе поскапат за половина денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Според одлуката, цената на ЕУРОДИЗЕЛ ќе изнесува 85,50 денари за литар, што претставува едно од најголемите поевтинувања во последниот период и го спушта дизелот далеку под границата од 90 денари.

Во исто време, бензините бележат мало поскапување. ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по 88 денари за литар, додека цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 90 денари за литар. Од РКЕ наведуваат дека новите цени се пресметани согласно методологијата за формирање на малопродажните цени на нафтените деривати, како и мерките што државата ги применува за ублажување на влијанието од глобалните движења на нафтениот пазар.

Во просек, цените на горивата се намалуваат за 3,84 проценти, пред сè поради значителното поевтинување на дизелот, кој е клучен енергенс за транспортниот сектор, земјоделството и стопанството. објавува Журнал.мк

Поврзани новости

Back to top button