
Цената на пченката на берзата во Чикаго скокна на највисоко ниво за еден месец
Силната побарувачка и пониските изгледи за производство во однос на очекувањата продолжија да го поддржуваат ценовниот раст.
Цената на пченката на берзата во Чикаго скокна на највисоко ниво за еден месец бидејќи силната побарувачка и пониските изгледи за производство во однос на очекувањата продолжија да го поддржуваат ценовниот раст.
Имено, во рамки на денешното азиско тргување на стоковата берза движењата покажуваат дека цената на пченката за испорака во декември порасна за речиси еден отсто, на 4,1525 долари по бушел (бушелот содржи 25,4 килограми пченка).
Цената на пченицата порасна за 0,5 проценти, на 5,30 долари по бушел, додека цената на сојата се намали за 0,2 проценти, на 10,5675 долари за бушел (бушел соја има 27,2 килограми).
Побарувачката за извоз на пченка во САД беше силна, а Министерството за земјоделство извести за дополнителни 2,8 милиони тони нето продажба во неделата што заврши на 14 август.
Во меѓувреме, „Про фармер“ (Pro Farmer) ги процени приносите на пченка во САД на 182,7 бушели по хектар по годишната обиколка на земјоделските култури. Иако ова претставува рекорд, сепак би било далеку под претходните проценки на Министерството за земјоделство на САД за приноси од 188,8 бушели.
Сушното време и болестите на земјоделските култури остануваат ризици, кои што дополнително имаат влијание на растот на цените.
Извор https://mk.bloombergadria.com/pazari/surovini/85903/raste-cenata-na-pcenkata-na-svetskite-berzi/news